Објавен петтиот јавен повик за користење средства за рурален развој

 

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој го објави петтиот повик за доставување барања за користење средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2013 година. 

Средствата се наменети за реализиран извоз во 2013 година на флаширано вино, преработка на зеленчук извезен во стаклена амбалажа и килограм извезен ориз во пакување (освен во вреќи) се со потекло од Република Македонија, како и за направени трошоци за транспорт на откупено винско грозје од регистриран откупен пункт до регистриран преработувачки капацитет за производство на вино.

Право на користење на средствата имаат правни лица кои имаат регистриран преработувачки капацитет за производство на вино (за користење на средства за извоз на флаширано вино и транспорт на откупено винско грозје), правни лица кои се регистрирани во Регистарот на оператори со храна и објектите од неживотинско потекло (за користење на средства за извоз на зеленчук во стаклена амбалажа) и правни лица кои се регистрирани за вршење на откуп на ориз (за користење на средства за извоз на ориз во пакување (освен во вреќи).

Крајниот рок за доставување на барањата е 31.12.2013 година.

Повеќе на веб  страницата на  Агенцијата www.ipardpa.gov.mk.

11.12.2013 - 13:59

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега