Вторник по Духовден е тежок ден: Многумина ја прават оваа работа за да имаат среќа низ целата година

 

Денеска е Вторник по Духовден, ден кога има многу обичаи и кој сам по себе е важен и тежок ден.

И денеска се плетат венци од трева и цвеќе, а за добра среќа, љубов и напредок многумина венчињата ги ставаат во торба, во џеб или ташна.

Духовден е христијански празник посветен на слегувањето на Светиот Дух врз апостолите и формирањето на Црквата.

На овој ден се исполнило Христовото ветување за доаѓањето на Светиот Дух (Духот на Вистината, Утешителот, Силата одозгора, ветувањето на Таткото) што Христос им го даде заповедувајќи им на апостолите да не се одалечуваат од Ерусалим додека тоа не се случи.

06.06.2023 - 10:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега