Голема трагедија: На кров од вагон загина лице од струен удар - надлежните институции на терен
Голема трагедија се случила денеска околу 17.15 часот на кров од вагот, откако лице воспоставило допир со инсталација којашто е под напон, при што дошло до негова смрт. Институциите се на терен, информираа од Центарот за управување со кризи.
„ЦУК информира дека од Македонски железници известиле дека од 17:15 часот поради тоа што на кровот на товарниот воз на релација Гевгелија – Табановце – Скопје на станицата во Демир Капија се качило лице (најверојатно мигрант) и по допир со инсталацијата којашто е под напон дошло до негова смрт. На лице место се излезени екипи на МВР, Пожарна и Брза Помош.
По завршување на увидот железничкиот сообраќај е пуштен во 20.05 часот“, информираат од ЦУК за Прес24.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа