Поради штрајкот во Холивуд за јануари одложено доделувањето на наградите Еми

 

Свеченоста на доделувањето на Еми, најреномираната американска телевизиска награда, одложена е речиси за четири месеци, соопштија во четвртокот организаторите додека штрајкот на актерите и сценаристите го парализира Холивуд.

Доделувањето на признанијата Еми, кои се дожувуваат како еквивалент за филмските награди Оскар, требаше да се одржи на 18-ти септемви и е одложено за средината на јануари 2024 година, соопштија телевизската мрежа Fox News и телевизиската академија во заедничко соопштение.

„Се радуваме што можеме да ве известиме дека 75-то доделување на наградите Еми ќе бидат пренесувани во понеделник 15-ти јануари 2024-та“, изјави портпаролот на американската телевизиска мрежа која ги има ексклузивните права за пренесување на свеченоста.

Станува збор за најважниот радиотелевизиски настан од почетокот на штрајкот на актерите и сценаристите каков во Холивуд се нема случено од 1960 година.

Последен пат доделувањето на наградите Еми беше одложено во 2001-ва, по најголемиот во историјата терористички напади на територијата на САД од 11-ти септември истата година со околу три илјади жртви.

По повеќе од сто денови штрајк, претставниците на сценаристите и на филмските студија сѐ уште не успеаја да се договорат за повисоки хонорари и за надоместоци за содржината произведена за стриминг-сервисите за сценаристите, ниту за прописите за користење на вештачката интелигенција во филмската индустрија. Актерите во јули му се приклучија на штрајкот.

10.08.2023 - 22:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега