(ФОТО) Ковачевски се сретна со директорот на „Белкстоун“ - разговарале за енергетската трансформација на Македонија

 
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, во рамки на работната посета на Њујорк, денеска имаше средба со Џасвиндер Каира, управен директор во групацијата, „Блекстоун“.

„На средбата, Ковачевски и Каира разговараа за енергетската трансформација на државата, за проектите во областа на енергетиката, дигитализацијата, телекомуникациската инфраструктура и сајбер безбедноста. „Блекстоун" е водечка американска инвестициска групација со седиште во Њујорк која е активна во повеќе сфери-инвестициски фондови, кредитирање, недвижности, инфраструктура, енергетска транзиција како и осигурување“, стои во соопштението на Владата испратено до медиумите. 

Инаку, групацијата има над 230 компании во сопствено портфолио за кои обезбедуваат долгорочен раст преку различни инвестиции во повеќе сектори, и се инвестициска компанија која придонесува кон развој на глобалната економија и економски раст.
21.09.2023 - 19:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега