Ковачевски: Кошаркарите го направија својот „камбек“ по цели шест години - им посакувам среќа
„Вечерашниот натпревар за ФИБА Евро купот нека биде поттик за нашиот „Работнички“ да продолжат и понатаму да се борат за своето заслужено место“, напиша вечерва премиерот Димитар Ковачевски на социјалната мрежа Фејсбук кој од трибини ги поддржуваше кошаркарите од Работнички.
„Играа пожртвувано и како и секогаш, со целото свое срце на терен. Честитки за упорноста со која достоинствено го направија својот „камбек“ во меѓународната кошарка по цели шест години.
Ви посакувам многу среќа и успешна игра во претстојните натпревари!“, им порача Ковачевски на кошаркарите.
02.10.2023 - 22:35
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа