Утре започнува расправата за Буџетот за 2014
Пратениците утре ќе бидат со полни раце работа. Собранието се очекува утре во рамки на 80. седница да ја почне петдневната расправа за Дополнетиот предлог на буџетот за 2014 година.
Државната каса за следната година ќе изнесува 176,5 милијарда денари. Приходите се планирани на 158 милијарди и 243 милиони, а буџетскиот дефицит на 3,5 проценти и ќе се финансира од домашни и од странски извори. Растот на БДП е проектиран на 3,2 проценти, а инфлацијата од 3,3 проценти. Нивото на буџетскиот дефицит, според проекците, ќе изнесува 3,5 проценти.
Собраниската Комисија за финансирање и буџет прифати пет од поднесените 684 амандмани.
Осумдесетата седница на Собранието има 78 точки на дневен ред.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа