Мицкоски - Орбан: Поддршката од Унгарија е доказ за вистинско пријателство
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска заедно со потпретседателот на партијата Александар Николоски во Будимпешта остварил средба со претседателот на партијата ФИДЕШ и премиер на Унгарија, Виктор Орбан.
Како што соопштија од ВМРО - ДПМНЕ, на средбата биле констатирани одличните и пријателски односи меѓу двете партии, и станало збор за реализација на стратешките цели на Македонија.
- Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски се заблагодари на поддршката од Унгарија на Македонија посочувајќи дека тоа е доказ за вистинско пријателство, изразувајќи надеж дека таа поддршка ќе продолжи имајќи го во предвид фактот дека Унгарија наредната година го презема претседателствувањето со Европската Унија, соопштија од ВМРО - ДПМНЕ.
На средбата бил направен пресек на соработката и работата на двете партии во насока на размена на искуствата што се користат при изработка на програмата на ВМРО-ДПМНЕ за наредните избори. Воедно било разговарано за идни проекти и планови за развој, кои, се наведува во соопштението, би се реализирале веднаш по промената на власта во Македонија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа