Викендов спремете се за температурен шок: Утре температури до 27 степени
Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб југозападен ветер.
Во недела времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од северозападен правец.
Во понеделник по одделни котлини ќе има појава на утринска магла, а во текот на денот сончево и топло со слаб до умерен ветер од јужен правец.
Во вторник времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.
Она што не вообичаено за овој период од годината е високата температура која особено утре и во понеделник ќе достигне високи 27 степени.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа