УХМР предупредува: Доаѓаат обилни врнежи од дожд и силен ветер
Времето денеска претпладне ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб, а во западните делови умерен ветер претежно од југозападен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени.
Во Скопје променливо облачно, претпладне со повремен дожд, а попладне умерено облачно со слаб ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 19 степен.
Од УХМР најавуваат дека до крајот на оваа седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Од петок попладне, преку ноќта и во сабота врнежите на места повремено ќе бидат обилни и поројни (над 30 л/м2) и проследени со грмежи. Во петок и во деновите од викендот особено преку денот ќе дува засилен до повремено силен ветер од јужен правец (над 60 км/час).
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа