Полската националистичка влада поднесе оставка на првата седница на новиот парламент

 

Полската националистичка влада предводена од премиерот Матеуш Моравјецки поднесе оставка, четири недели по претрпениот пораз на парламентарните избори, на првата седница на новиот парламент. Одлуката го претставува првиот чекор кон промена на власта по осум години владеење на партијата Право и Правда (ПиС).

Сојузот на три опозициски партии предводени од поранешниот претседател на Европскиот совет, Доналд Туск, освои јасно мнозинство во Сејм, долниот дом на полскиот парламент, на изборите на 15 октомври.

Трите партии, кои се залагаат за проевропска политика, веќе потпишаа коалициски договор. Иако ПиС се уште е најголемата партија во парламентот со 194 мандати, таа нема коалициски партнер или апсолутно мнозинство. Промената на власта во Варшава ќе значи и промена на полската надворешна политика.

ПиС се судри со Брисел околу судските реформи, а односите со соседна Германија се влошија откако партијата побара исплата на 1,3 милијарди евра репарации од Втората светска војна за време на изборната кампања. Трите опозициски партии се залагаат за помирувачка политика кон Германија. Шеесет и шестгодишниот Туск беше премиер на Полска од 2007 до 2014 година.

 
13.11.2023 - 18:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега