Денеска, без струја, делови од општините Карпош и Чучер Сандево
„ЕВН Македонија“ АД известува дека денеска, без електрична енергија, ќе останат делови од општините Карпош и Чучер Сандево.
Во периодот од 9 до 11 часот струја ќе немаат дел од корисниците од улицата Букурешка во општина Карпош.
Без електрична енергија во периодот од 9.30 до 11.30 часот ќе бидат корисниците од село Блаце, објектите на граничниот премин Блаце и терминалот „Блаце“, АГ „Палас“ и „Филип инженеринг“ во општина Чучер Сандево.
21.11.2023 - 09:36
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа