Израелката која беше киднапиарана од Хамас сведочи: „Сакам да ја дадам вистинската слика за луѓето во Газа“

 

Миа Шем, 21-годишната Израелка која беше киднапирана од членовите на палестинската воено-политичка организација Хамас откако убија 364 посетители на музичкиот фестивал Супернова што се одржа во Кибуц Реим во западен Израел на 7 октомври, за израелската телевизија „Канал 13“ изјави дека сака да даде вистинска слика за луѓето кои живеат во Газа, нивните вистински намери и сето она што го доживеала во заробеништво.

„Поминав низ холокауст. Таму се сите териристи“, изјави Шем, тату-артистка од градот Шохам во централниот дел на Израел. Таа рече дека престојувала со семејство со деца во Газа.

„Тоа се семејства под режимот на Хамас, знаете. Сфатив дека сум со семејството. Потоа почнав да поставувам прашања… зошто сум со семејство? Зошто се децата овде? Зошто жената е тука?“ изјави Шем, која покрај израелското има и француско државјанство.

Откако поминала 54 дена во заробеништво, а пред да биде ослободена, Шем била принудена да сними видео порака за нејзиниот престој во Газа, пишува Дејли мејл.

„Луѓето се многу добри, беа многу љубезни кон мене… храната беше добра. Се е добро“ вели Израелката меѓу другото во таа порака испратена од заробеништво.

Снимката во тоа време брзо се рашири низ светот бидејќи нејзиното сведочење се разликуваше од сведочењето на другите затвореници. Имено, тие рекоа дека биле малтретирани. Затоа, многумина мислеа дека Шем не е искрена, односно дека Хамас ја принудил да го каже тоа што го кажува.

Шем беше застрелана во десната рака за време на нападот на Хамас на познатиот фестивал Супернова Суккот. Операцијата при која и биле санирани повредите траела три часа. Подоцна нејзината тетка изјави дека ја оперирал ветеринар и дека по операцијата не отишла на физиотерапија.

Шем на 9 декември објави свои фотографии на социјалната мрежа Инстаграм, на кои може да се види дека има тетоважа на левата подлактица „Повторно ќе танцуваме, 7.10.23“.

„7. 10. ’23. Никогаш нема да заборавам. Болка и страв, тешки слики, пријатели кои нема да се вратат и оние кои мораме да ги спасиме. Уште не сме победиле, уште ќе танцуваме“ напиша Шем со фотографиите.

29.12.2023 - 12:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега