Германија „за“ легализација на канабисот од 1 Април

 

По долги преговори, партиите на Германската владеачка коалиција ги прецизираа деталите за легализацијата на канабисот.

Формално, законот треба да биде усвоен од Бундестагот на 19 Февруари а потоа препратен до Бундерсратот каде се очекува да помине без никакви пречки.

Прописите се вистинска пресвртница за модерна политика за дроги која ја зајакнува превенцијата и ја подобрува заштитата на здравјето, децата и младите“ -  сметаат од владеачката коалиција.

Со овој закон, во иднина возрасните ќе може да одгледуваат канабис во својот дом и да поседуваат мали количества. Од 1 јули и на клубовите ќе им биде дозволеноз аедничко одгледување.

Она за што стравуваат дел од пратениците е дека „луѓето ќе пушат трева буквално на секој чекор“.

05.02.2024 - 11:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега