Катастрофа во Турција: Се урна рудник за злато, објавено е видео од несреќата

 

Девет рудари се водат за исчезнати по лизгање на земјиштето во објектот „Анаголд мајнинг“ во источна Турција во вторникот, соопшти турското Министерство за енергетика.

Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја за телевизијата А Хабер изјави дека 400 луѓе трагаат по исчезнатите рудари.

Во соопштението, компанијата што стопанисува со рудникот наведува дека „во моментов најважно во овој тежок момент е здравјето и безбедноста на нашите вработени и изведувачи“.

 

Инаку, турската влада веќе покрена истрага за инцидентот и наскоро ќе излезе со првите детали.

 
13.02.2024 - 20:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега