Украина нема да добие покана за членство во НАТО на претстојниот самит во Вашингтон
Украина најверојатно нема да добие покана за членство во НАТО на претстојниот самит на почетокот на јули во Вашингтон, изјави денеска во Брисел американската амбасадорка во НАТО, Џулијан Смит.
Самитот во Вашингтон, смета таа, треба да сигнализира дека „Алијансата продолжува да се приближува до Украина“ и да преземе „конкретни мерки“ за промовирање на идното членство на оваа земја, која моментално е во војна со Русија.
За време на Самитот на НАТО минатата година во Вилнус, земјите-членки потврдија дека иднината на Украина е во НАТО, но не поставија временска рамка, што ја посакуваше претседателот Володимир Зеленски пред Самитот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа