Досега невидено: На 100-годишна возраст направи чудо, сите зборуваат за неговиот скок во вода
За него годините се навистина само бројка. Стогодишниот Таги Аскари направи невидена работа и на натпревар скокна во вода.
Сепак, тој беше само специјален гостин, па го направи и она што можеби не беше првично планирано. Тој скокна во водата исто како и пред повеќе од 70 години.
Учествувал на првите Азиски игри во 1951 година и освоил сребрен и бронзен медал, а Аскари никогаш не престанал да се занимава со овој спорт.
Ќе настапи и на мастерсот, кој се игра непосредно по Светското првенство во пливање.
„Го сакав нуркањето од моите тинејџерски денови до сега. Отсекогаш сум сакал да нуркам. Ништо не се сменило од 1951 година, освен мојот настап! Кога се натпреварував на национално ниво, последното првенство ми беше кога имав 41 година. Освоив златен медал на репрезентативно ниво, а потоа се простив од спортот, но барем со златен медал. Во времето кога натпреварите се одржаа во Техеран во 1974 година, кинеските пливачи влегоа во овој прекрасен спорт и почнаа многу да се подобруваат – едноставно не можевме да ги фатиме бидејќи останавме на истото ниво на кое почнавме“, рече Аскари.
Иранецот последен пат се натпреваруваше на национално ниво кога имаше 41 година.
„На државно ниво освоив едно злато, но по ова, барем со златото се простив од спортот“, рече Аскари.
El iraní Taghi Askari, de 100 años es el competidor de mayor edad en el Campeonato Mundial de Masters de Natación en Doha 2024.#NewsOnDemand pic.twitter.com/c1U3asXRNP
— News On Demand (@OnDemand_News) February 11, 2024
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа