Малолетник од Скопје украл автомобил во Гостивар


Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, вчера околу 15 часот и 45 минути на улица „Браќа Ѓиновски“ во Гостивар лишиле од слобода малолетник од Скопје.

Тој се сомничи дека претходниот ден одзел патничко моторно возило „пежо 306“ со гостиварски ознаки, кое било паркирано на улица „Мајор Чеде Филиповски“ во Гостивар.

Возилото било најдено и вратено на сопственикот.

По целосно документирање на случајот против лицето ќе биде изготвен соодветен поднесок.

27.02.2024 - 11:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега