Промени во закажувањето за пасоши: Оние кои сега имаат термин во декември ќе бидат викнати на крајот на април
Оние кои сега имаат термини за сликање за пасош во декември, ќе добијат телефонски повик за сликање до крајот на април, вели Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во интервју за МИА.
„ 165.000 термини биле во систем од кои реално само 130.000. Го исчистивме списокот. Тоа сега ќе го имаме како процес кој што ќе го правиме на 20 дена. Што значи тоа. Тоа значи дека овие 135.000 луѓе сите ќе бидат презакажани заклучно со крај на април. Ако претходно некој имал термин 15 декември сега ќе има термин крај на април“ – рече Тошковски
27.02.2024 - 12:47
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа