Радовиш: Приведен бегалец од затвор, осуден на 8 години и 2 месеци


Утрово во село Дамјан, радовишко, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш го лишиле од слобода А.П.(37) од село Дамјан.

Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор Куманово поради бегство од установата. А.П. бил осуден на казна затвор од осум години и два месеци за сторени кривични дела по член 236 и член 215 од Кривичниот законик, а имал за доиздржување 10 месеци од казната.

Лицето ќе биде спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Куманово за доиздржување на казната.

28.02.2024 - 10:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега