Јанкулоска: До сега не сме нашле ниту еден од украдените артефакти од Музејот на Македонија

 

МВР досега нема пронајдено предмети од оние кои се на листата артефакти кои недостасуваат во Музејот на Македонија, но секоја информација што оди во прилог на нивно откривање и враќање во сопстевеност на држвата е добредојдена.

Ова е одговорот од министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на новинарско прашање дали има нови моменти во истрагата за случајот на исчезнатите артефакти од Музејот на Македонија.

- Потрагата по предметите односно целокупната истрага има два сегмента. Едниот сегмент е идентификација на одговорните лица или лоцирање на одговорноста за она што се случило, а вториот е евентуалното откривање на предметите и нивното враќање во сопственост на државата, изјави Јанкулоска денеска на прес-конференцијата во врска со запленетата марихуана на ГП „Делчево“.

Јанкулоска упати апел доколку некој има каква било информација за можната локација на некои од предметите да ја сподели со надлежните институции.

18.12.2013 - 13:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега