Започна сезоната на грипот: Во Неготино и Демир Капија вакцина примиле 650 граѓани

Вакцини против грип оваа сезона примиле 650 граѓани во Неготино и во Демир Капија, соопшти денеска раководителот на организационата единица Неготино, при Центарот за јавно здравје Велес, доктор Иванка Тодоровска.

- Бројот на вакцинирани е за стотина поголем споредено со минатата и претходните години. Се зголемува бројот на оние кои одлучуваат да се вакцинират и на тој начин да го заштитат своето здравје од грип. Обично не сакаат да ризикуваат постарите лица над 60 години, хроничните болни, пациенти со белодробни болести, астматичари, лица со срцеви и бубрежни заболувања, информираше Тодоровска.

18.12.2013 - 14:38

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега