Македонците се меѓу најнесреќните во регионот
Македонците се меѓу најнесреќните во регионот, покажува Глобалниот извештај за среќа за 2023 година. Се закитивме со 84-тото место, од вкупно 143 држави во кои се анализира среќата на населението.
Словенија е највисоко позиционирана на листата, на 21-то место. Веднаш зад неа се Косово и Србија. Нивото на среќа кај Хрватите, Грците и Босанците е мошне исто.
Посреќни од нас се и Црногорците и Бугарите. Од Македонците, понесреќни во регионот се само Албанците.
Светскиот извештај за среќа е Индекс за среќа што ја објавува Мрежата за решенија за одржлив развој при Обединетите нации секоја година, од 2012 година. Извештајот разгледува шест клучни фактори социјална поддршка, приход, здравје, слобода, благосостојба и недостиг на корупција.
Интересен е фактот што извештајот нотира дека младите под 30 години во Македонија се посреќни, во споредба со повозрасната група на граѓани. Психолозите велат дека ова е резултат на тоа дека младите, се уште имаат надеж за подобро утре.
Некои скопјани не се задоволни од животот во Македонија, покажа денешната анкета која ја спроведовме. Граѓаните ги ставија ниските плати и лошите услуги од институциите на пиедесталот за несреќен живот.
Други пред камерата на Сител кажаа дека се чувствуваат среќно.
Ако сакате да бидете среќни, посетете ја Финска. Таа е државата која седма година по ред ја држи титулата за држава, каде живее најсреќното население.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа