ДУИ: Во сите анкети ДУИ и Бујар Османи се апсолутни победници
Демократската унија за интеграција ќе биде апсолутен победник во албанското гласачко тело на Северна Македонија, велат од партијата.
За Демократската унија за интеграција, споредено со месец февруари, најновото истражување на Институтот за политички истражувања(ИПИС) покажува дека во март – поддршката за ДУИ е зголемена на 6,3 отсто.
Во противна насока се движи опозицијата, поточно со опозициската коалиција Вреди. Од 4,6% во февруари, во март поддршката за опозицијата падна на 4,4%.
Демократската унија за интеграција оценува дека кампањата на идниот претседател, Бујар Османи и на Изборниот штаб ќе ги постават новите европски стандарди во Северна Македонија, додека напорите за обезвреднување на кое било достигнување на земјата ќе бидат победени на 24-ти април и 8-ми мај, кога граѓаните ќе се постројат со европската иднина на државата„, стои во соопштението на ДУИ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа