Сарачини на средба со претседателите на стопанските комори
Министерот за економија Ваљон Сарачини денеска ќе се сретне со претседателите на Стопанската комора на Македонија, Сојузот на стопански комори и на Комората на северозападна Македонија.
Според најавите, на средбата, што ќе се одржи во Министерството за економија, ќе се разговара за економијата во изминатата година, како и за очекувањата за идната година.
19.12.2013 - 10:00
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа