Османи утре во Брисел ќе учествува на министерскиот состанок на НАТО

 

Министерот за надворешни работи Бујар Османи утре ќе отпатува во Брисел каде ќе учествува на Министерскиот состанок на НАТО.

Во фокусот ќе биде одбележувањето на 75-годишнината од НАТО, како и приоритетите на Алијансата во пресрет на Самитот во Вашингтон.

- На состанокот ќе стане збор и за актуелните безбедносни предизвици, сојузничката долгорочна поддршка за Украина, како и зајакнувањето на одвраќањето и одбраната на НАТО Алијансата, се наведува во соопштението од МНР.

02.04.2024 - 18:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега