(ВИДЕО) Италијански медиуми: Двајца од 12-те македонски државјани се тешко повредени
Возач на автобус од Македонија загина, 12 лица македонски државјани повредени, од кои две во тешка состојба е билансот на сообраќајната несреќа која се случила попладнево во Италија, јавува „Ил Ресто дел Карлино“. Покрај автобусот, биле вклучени и два камиони, од кои едниот превезувал алкохол.
Несреќата се случила на автопатот Асколи – Анкона, во тунел. Според информациите, најпрво автобусот се судрил со камионот, а потоа вториот камион налетал и удрил во двете возила.
Веднаш избувнал пожар, а сообраќајот на тој дел бил затворен неколку часа. Возачот на автобусот не успеал да се спаси од пламените јазици.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа