(ВИДЕО) Агелер: Ако ги дадеме доказите за лицата на црната листа ќе ги прекршиме законите во САД

 

Американската амбасадорка Анџела Агелер во своето гостување на ТВ21, одговарајќи на новинарско прашање кажа дека САД не се во можност да ги споделат сите детали со македонските органи на правдата, оти со тоа би се нарушиле законите за приватност кои Америка ги има.

„Имаме закони за приватност и ќе ги прекршиме ако ги отвориме случаите и ги споделиме доказите. Но поголем дел од тие докази, не сите, оти дел беа од извори во САД… Поголем дел од доказите се од овде“, изјави Агелер.

04.04.2024 - 19:54

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега