Се искршија Југо и БМВ - изминатото деноноќие 16 сообраќајки на скопските улици
Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на Градот Скопје сообраќајната полиција изврши увид на вкупно 16 сообраќајни незгоди, од кои десет поминале само со материјална штета, додека во четири од незгодите тројца возачи на патнички моторни возила, еден пешак и еден сопатник се здобиле со повреди.
Една од незгодите се случила во 8 часот и 45 минути на крстосницата од ул. „Иван Козаров“ и ул. „Вера Јоциќ“ во која чествувале патничко моторно возило „БМВ“ со прилепски регистарски таблички, управувано од граѓанин на Скопје и велосипед управуван од граѓанин на Скопје. Како последица од незгодата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот.
Исто така, се случила и сообраќајна незгода во 20 часот и 30 минути на бул. „Никола Карев“ во која учествувале две патнички моторни возила „БМВ“ и „југо“ и двете со скопски регистарски таблички управувани од граѓани на Скопје. Како последица од незгодата со тешки телесни повреди се здобил еден сопатник во патничкото моторно возило „југо“, а со полесни повреди се здобиле двајцата возачи на патничките моторни возила и двајца сопатници.
Преземени се мерки и према шестмина возачи кои не ги почитувале светлосните сообраќајни знаци на крстосниците, 10 возачи кои не го користеле безбедносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управувањето на возилата и 12 возачи кои непрописно ги паркирале своите возила на автобуските стојалишта, пешачките премини и во зона на крстосница.
Што се однесува до непрописно паркираните возила, од страна на сообраќајната полиција со помош на специјалното возило „пајак“ отстранети се 49 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа