Гркинка остана без дијаманти и злато во Битола
Уште една тешка кражба деновиве во Македонија. Во Битола на улицата „Краварски Пат“ во апартманот во сопственост на 38-годишната А.Н. од Лерин-Грција, засега непознат сторител со употреба на погоден предмет извршил тешка кражба.
Разбојникот одзел дијамантска огрлица, златни обетки и околу 93.600 денари со што се стекнал со противправна имотна корист од околу 350.000 денари.
Полицијата трага по сторителот.
20.12.2013 - 11:50
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа