Тетово: Го обвинила поранешното момче дека ја силувало бидејќи се оженил за друга
Македонската полиција вчера информираше дека тетовчанка во полиција лажно пријавила дека поминала вистински хорор со невенчаниот сопруг кој ја држел и силувал цели 23 дена. Според информациите на Вест,21-годишната Б.Б. од тетовското село Јажинце пријавила дека 27-годишниот А.Д. од Седларево ја тепал, измачувал, чувал во штала и силувал цели 23 дена.
Оваа лажна пријава тетовчанката ја направила бидејќи дознала дека откако пред два месеци раскинала со момчето, иако сакала да се смират, тој си продолжил со животот и се оженил со друга девојка. Таа побарала од него да и каже зошто ја оставил, па се качила во неговиот автомобил заминале накај неговиот дом во Седларево, и неколку дена имале афера по што тој и се вратил на сопругата.
Така, несреќната девојка ја измислила целата приказна само за да му се одмазди на саканиот. Таа признала се во полиција.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа