Пронајдено киднапираното момче од Куманово

Кумановчанецот од селото Тромеѓа кој беше пријавен како исчезнат на 14-ти месецов, бил пронајден синоќа. Според податоците од кумановската полиција, 23-годишниот С.Ј. бил насилно внесен во патничко моторно возило, без регистарски таблички. 

Кумановчанецот бил пронајден синоќа во селото Љубодраг околу 22 часот и 30 минути.

Кумановската полиција во содејство со Основното јавно обвинителство Куманово работи на целосно расчистување и документирање на настанот.

20.12.2013 - 14:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега