„Катимерини“: Груевски во Скопје ја колне Атина

Белград слави, Тирана се смешка и Груевски во Скопје ја колне Атина, пишува денеска провладиниот весник „Катимерини".

Весникот деновиве не го спомена интервјуто на македонскиот премиер за „Ди Пресе“ во кое тој изјави дека Самарас е виновен за проблемот со името, потсетувајќи дека тој, заедно со Мицотакис, го создадоа проблемот.

- „Грција е вешта во тоа да не претстави како тврдоглави националисти, и поради ова, самата таа е одговорна за блокадата. Убедувањето во ова е многу полесно кога самата земја е членка на ЕУ и НАТО и комуницира секојдневно со останатите членки, изјави Груевски за „Ди Пресе“.

„Катимерини“ на крајот заклучува дека, како и да е, не треба да се очекуваат спектакуларни случувања во однос на европскиот курс на земјите од Западен Балкан за време на грчкото претседателство со Унијата.

20.12.2013 - 14:50
Фото: 
А1.он

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега