Хуманитарна акција на ЕВН- и Хилал - прехрамбени производи за социјално ранливите семејства

Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, ЕВН Македонија реализира серија на донации за социјално ранливите категории на деца од повеќе градови во државата, а за социјално загрозените семејства донира пакети со прехранбени производи во верските заедници. ЕВН Македонија и Хуманитарната организација „Хилал“ која е во склоп на Исламската верска заедница денеска донираа прехрамбени продукти за над 200 социјално ранливи семејства. Со оваа донација ЕВН Македонија сака да им помогне на семјствата од социјално загрозените категории заеднички да ја подготват празничната трпеза и со своите пријатели да ја споделат радоста на празниците и да бидат дел од големата новогодишна прослава.

 ЕВН Македонија заедно со Црвениот крст ја реализира и новогодишната хуманитарна акција „Да споделиме радост“, со која над 700 деца од социјално загрозените категории, децата со пречки во развојот и инвалидитет, штитеници на домови за грижа на деца, згрижувачки центри за деца од улица и други ранливи категории од повеќе градови низ земјава, од 19 -ти до 30-ти декември 2013 година, имаат можност да уживаат во новогодишни претстави, пакетчиња со топла облека и слатки и фотографирања со Дедо Мраз.

20.12.2013 - 15:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега