Се појавија нови сведоци во случајот со Данка Илиќ

 

Во случајот со Данка Илиќ се појавија тројца сведоци кои ќе бидат сослушани на 5 јули, потврдија од Вишото јавно обвинителство Заечар.

Тие ќе бидат сослушани во врска со истрагата против Дејан Д. и Срѓан Ј., осомничени за убиството на двегодишната Данка, јавува „Danas.rs“.

Неофицијално, еден од нив е државјанин на Бор, додека другите двајца се жители од Брестовачка бања.

Покрај Дејан Д. и Срѓан Ј., во овој случај за убиството на девојчето, осомничен е и таткото на Дејан Д. поради сомнение дека му помогнал на синот да го премести телото на девојчето.

25.06.2024 - 13:48

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега