Од полноќ нови повисоки цени на горивата

 

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) вчера донесе Одлука со која малопродажните цени на нафтените деривати се зголемија во просек за 0,15 % во однос на одлуката од 28.6.2024 година. 

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголеми за 0,50 ден/лит. Малопродажните цени на бензинoт ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), не се променија. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголеми за 0,080 ден/кг.

Од 2.7.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати изнесуваат:

- Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС - 95 - 83,00 (денари/литар)

- Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС – 98 - 85,00 (денари/литар)

- Дизел гориво - ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) - 76,50 (денари/литар)

- Масло за горење - Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)- 75,00 (денари/литар)

- Мазут М-1 НС- 48,008 (денари/килограм)

02.07.2024 - 09:52

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега