Петти ден гори во неготинско, пожарот се гаси од земја и воздух
Пожарот на планината Серта од рано утринава се гаси од земја и воздух. Ангажирани се стотина припадници на Армијата, припадници на Министерството за внатрешни работи, ловџии, шумски работници. Интервенираат и полициски хеликоптер и два армиски хеликоптери.
- Тука сме кавадаречки и неготински пожарникари, ловџии, припадници на МВР, летаат дронови проверуваат терен, дојде помош и од страна, пристигна едно возило од Пехчево, од подружницата на ,,Национални шуми" од Демир Капија. Вообичаено, при вакви пожари, распалувањето на огнот е со покачување на температурата во воздухот, околу пладне, велат пожарникари од терен во изјава за МИА.
Од СВР Велес за МИА потврдија дека од 08:50 часот утринава е пуштен за сообраќај патот Неготино - Штип, што синоќа беше затворен за сообраќај поради пожарите.
Пожарот избувна во средата околу 10.30 часот, а синоќа Кризниот штаб од Неготино побара прогласување на кризна состојба по што Владата донесе одлука.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа