РКЕ одлучи: Горивата поевтинуваат
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,69% во однос на одлуката од 11.7.2024 година.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,00 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 1,50 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалува за 2,00 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,716 ден/кг.
Од 16.7.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
- Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС - 95 - 83,00 (денари/литар)
- Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС – 98 - 85,00 (денари/литар) -
Дизел гориво - ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) - 75,50 (денари/литар)
- Масло за горење - Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) - 73,50 (денари/литар)
- Мазут М-1 НС - 46,909 (денари/килограм)
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа