Силен земјотрес ја погоди Индонезија: Има загинати и голем број повредени


Во земјотресот со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала што ја погоди Западна Јава во Индонезија, едно лице загина, а најмалку 82 се повредени, јави агенцијата ВНА.

Епицентарот на земјотресот бил на 24 километри југоисточно од провинцијата Бандунг и на длабочина од 10 километри.

Најпогодено е подрачјето на Бандунг, каде се повредени 81 лице, а по него е Гарут.

Според првите проценки, оштетени се околу 700 куќи.

Оштетени се и речиси 100 здравствени, образовни, верски и јавни објекти, вклучително и пазари.

Поради земјотресот евакуирани се 450 лица.

19.09.2024 - 10:38

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега