ВИП патник на скопскиот аеродром лажел дека носи слатки за децата - шверцувал најнови телефони iPhone

5 мобилни телефони I phone 16, откриени на Меѓународниот аеродром Скопје, при контрола на патните торби на македонски државјанин кој  допатувал со лет од Истанбул. На прашање на царинските службеници дали има нешто за пријавување за царинска контрола, патникот, кој се пријавил за влез во државата на ВИП-терминалот, одговорил дека носи само слатки за децата. Сепак била извршена контрола на неговите патни куфери при што биле пронајдени мобилните телефони.

Непријавените телефони се привремено задржани а против патникот ќе биде поведена прекршочна постапка.

30.09.2024 - 12:44

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега