Измерени -2 степени, УХМР соопшти каде е најстудено утрово


Во Берово и Лазарополе утрово се измерени минус два, а на Попова Шапка нула степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Температурата во Скопје е седум степени, а најтопло е во Гевгелија 12 степени.

Во текот на ноќта времето беше ведро, а изутринава е сончево и студено. Дуваше слаб до умерен северен и северозападен ветер. 

Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер кој долж Повардарието краткотрајно ќе засилува. Максималната температура ќе достигне од 18 до 25 степени.

Во Скопје претежно сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 23 степени.

01.10.2024 - 09:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега