Мицкоски: Ќе се бориме за членство во ЕУ, но без да ги повредиме националните интереси


Оваа влада нема да направи ништо спортивно на националните интереси и стратешки правци на граѓаните. Нема никогаш да направи ниту една отстапка која ќе значи дополнително понижување и срам за македонските граѓани, порача премиерот Христијан Мицкоски по повод 100 дена од новата влада.

„Нема никогаш да отстапиме од реализирање на нашата втора стратешка цел а тоа е полноправно членство во ЕУ. И ако треба ќе разговараме со било кого, и ако треба ќе разговараме колку и да е потребно за да дојдеме до договор и компромис кој што е достоен, кој нема да ги повреди чувствата на народот“, порача Мицкоски.

Бидете сигурни додаде тој, дека и двете стратешки цели можат да се реализираат.

„Едната со другата не се во конфликт. И двете можат паралелно да се реализираат, и да се заштити интересот на македонските граѓани но и да се интегрираме во рамките на ЕУ, онаму каде од многу порано ни е местото. Ќе работиме колку и да е потребно довербата која ја добивме од вас да ја оправдаме“, дополни тој.

Како влада, рече МИцкоски, направивме неколку грешки, кои не беа катастрофални, но го слушавме гласот на народот и навреме се коригиравме.

„Секој што работи понекогаш знае и да погреши и тука не треба да се земе за зло доколку се коригираме, лошо е ако имаме мислење и чувство дека сѐ знаеме и дека гласот на народот воопшто не е важен. Тогаш грешиме. Мислам дека како влада, во изминатиот период направивме по некоја грешка. Ниту една не беше катастрофална, но секогаш, без исклучок се коригиравме и реагиравме навремено, како што доликува на една народна влада“, кажа Мицкоски.

01.10.2024 - 12:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега