На камера го фатиле дека лаже: Гостиварец доби кривична пријава за лажно пријавување на кривично дело

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Ќ.С.(23) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лажно пријавување на кривично дело“.

-На 01.09.2024, пријавениот во Полициската станица Гостивар лажно пријавил дека истиот ден пред општина Гостивар, М.Х.(33) поради недоразбирање во врска со првенство на минување, наводно излегол од возилото и извадил нож, а потоа заминал, информира МВР.

Од извршениот увид во безбедносните камери, било утврдено дека М.Х. не го сторил делото.

02.10.2024 - 17:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега