Груевски со честитки за Божик до сите верници од католичка вероисповед

Премиерот на Македонија Никола Груевски по повод најголемиот христијански празник Христовото раѓање, Божиќ упати честитка до верниците од католичка вероисповед.

-Ова е празник кој ја симболизира човечката толеранција, семејните вредности, човечкото милосрдие и взаемното разбирање. Ова се денови во кои различностите треба да зближуваат, вредностите кои не обединуваат да бидат силата со која се движиме и работиме, а добрината и почитувањето да се главниот двигател. Со Божиќ се слави раѓањето, како симболика на новиот живот кој значи нов почеток и надеж, се вели во честитката.

Овој празник, се посочува во честитката, е уште една можност да се потсетиме на вредностите на богоугодниот пат, да се потсетиме на потребата да бидеме достојни верници и чесни луѓе, да живееме скромно и правично, да владее мир и хармонија, да владее соработка и почитување, да ги негуваме семејните и традиционални вредности, да шириме радост, љубов и добрини. -Таа верба нека не води и понатаму во нашиот личен живот, но и во нашата општествена улога да создадеме подобра иднина и поубав живот за сите наши граѓани, пишува во честитката. 

24.12.2013 - 14:43

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега