Трагедија во Велс: Се судрија возови - еден загина, голем број повредени

 


Во судир на два воза во Велс, еден човек загина, а други 15 се повредени, соопшти полицијата.

Судирот се случил во понеделникот вечерта, на делот меѓу Шрусбери и Мачинлет, а возовите се движеле со мала брзина, пренесува Гардијан.

Повредените се пренесени во болниците со повреди за кои се верува дека не се опасни по живот, пишува медиумот.

Сите други патници се евакуирани од двата воза.

Причината за несреќата се истражува, соопшти полицијата.

22.10.2024 - 10:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега