Линкедин казнет со 310 милиони евра поради нелегално собирање на податоци
Социјалната мрежа за професионалци LinkedIn ќе плати казна од 310 милиони евра поради прекршување на европските правила за заштита на личните податоци. Ирската комисија за заштита на податоците, која ја надгледува компанијата во ЕУ, утврдила дека LinkedIn без законско основание собирал податоци од своите корисници за да им прикажува таргетирани реклами.
Оваа пракса е во спротивност со Општата регулатива за заштита на податоците (GDPR), која ги штити личните податоци на граѓаните во Европската унија. Ирските регулатори сметаат дека LinkedIn не може да го оправда собирањето на овие податоци со своите услови на користење, туку дека мора да има јасна и законска основа за тоа.
„Обработката на лични податоци без соодветна правна основа е јасно и сериозно кршење на правата за заштита на податоците во ЕУ“, изјави заменик-комесарот за корпоративни прашања на ЕУ, Греам Дајл.
Со оваа казна, регулаторите сакаат да испратат јасна порака до сите компании кои работат со лични податоци дека мораат да ги почитуваат строгите европски правила.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа