Колективна оставка на Комисијата за помилување

 

Членовите на Комисијата за помилување си поднесоа колективна оставк. Информацијата ја соопшти на Фejсбук Гордан Калајџиев.
 
„Со ова ја известуваме јавноста за нашата колективна оставка од позициите членови на комисијата за помилување.
Оваа одлука ја донесовме во согласност со нашите лични и професионални принципи.
Со почит,
Проф.др Методија Каневчев, Проф.др. Гордан Калајџиев, Проф.др. Арлинда Кадри Шахиновиќ,
Др. Зора Митиќ,
М-р Ана Ѓорѓиева Ивановска
Ајтен Шаќир“, стои во објавата на Калајџиев,
Нивната оставка доаѓа откако помилувниот Акиф Равмановски, заврши зад решетки кратко откако излезе од затвор.
26.10.2024 - 18:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега