Скопјанец без дозвола градел станбен објект во Охрид

 


СВР Охрид поднесе кривична пријава против Љ.М.(57) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „симнување или оштетување на службен печат или знак“.


Тој, во текот на 2024 година на катастарска парцела во охридското село Велестово, бесправно и спротивно на Законот за градба, неовластено изградил темели за станбен објект што било констатирано од овластен градежен инспектор при увид и контрола извршена на 01.10.2024 година.

Притоа, било донесено решение за отстранување на градбата и била поставена службена табла и лента за затворање на градилиштето.

При повторна контрола, овластениот градежен инспектор констатирал дека пријавениот бесправно ја отстранил лентата и таблата и бесправната градба била продолжена.

25.11.2024 - 13:38

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега