Статистика: Поповолна економската состојба на деловните субјекти во однос на лани

 

Поповолна економска состојба на деловните субјекти во ноември годинава во однос на ноември лани е оценката на раководителите што ја објави Државниот завод за статистика.

Оценката за обезбеденоста на производството со порачки е поповолна во однос на претходниот месец. Оценката за обемот на производството во ноември 2013 година е понеповолна во однос на претходниот месец, како и очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци и очекувањата за бројот на вработените.

Во ноември 2013 година, залихите на суровини и репроматеријали, како и тековните набавки на суровини и репроматеријали се под и околу нормалата. Залихите на готовите производи во ноември 2013 година се зголемени во споредба со претходниот месец. Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во ноември 2013 година изнесува 60,7 отсто од нормалното искористување.

Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производство во ноември 2013 година имаат недоволната странска побарувачка со 26,2 отсто, недоволната домашна побарувачка со 19 отсто, неизвесното економско опкружување со 10,1 отсто и финансиските проблеми со 8,8 отсто.

25.12.2013 - 16:38

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега