Врие од полиција на пластичарската улица во Скопје

 

Врие од полиција на пластичарската улица во Скопје. Десетина граѓани ја блокираа улицата, поставувајќи дрвени палети. Тие се револтирани бидејќи останале без струја по дефектот кој избил во трафостаницата и не пропуштаат ниту едно возио да помине дури ниту екипите на ЕВН за да го отстранат дефектот.
Од ЕВН велат дека станува збор за проблематична точка во Скопје, бидејќи таму има голем број неплаќачи и неконтролирано се краде струја. Тоа, според ЕВН ја оптоварува трафостаницата и поради тоа, постојано избиваат дефекти.
Од компанијата велат дека локалното население не им дозволува на нивните екипи да извршат реконструкција на трафостаницата, да ги заменат броилата и да поради огромната потрошувачка да го засилат нејзиниот капацитет, но и целиот систем за распределба на електрична енергија, согласно новиот проект, да биде изваден на самата улица. 

25.12.2013 - 19:51
Фото: 
Телеграф

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега